Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСоборен руски воен хеликоптер во Сирија

Соборен руски воен хеликоптер во Сирија

Руски воен хеликоптер е соборен на северот на Сирија, јави „Би-Би-Си“ повикувајќи се на руски воени извори.

Во хеликоптерот имало пет луѓе. Руските новински агенции го пренесуваат соопштението на Министерството за одбрана, во кое се наведува дека транспортен хеликоптер Ми-8 е соборен на 1 август.

Хеликоптерот доставувал хуманитарна помош во Алепо и се враќал во база. Сеуште не е позната судбината на петчлениот екипаж.