Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо вреќи се изнесуваат материјали од Министерството за култура

Со вреќи се изнесуваат материјали од Министерството за култура

Утрово од Министерството за култура се изнесуваат вреќи во кои не се знае што има. Овие фотографии ги објави „Либертас“, наведувајќи дека ова се случувало непосредно откако Трајко Вељаноски си ги собрал работите од претседателскиот кабинет на Собранието и преземањето на кабинетот од страна на новиот претседател, Талат Џафери.

Министерството за култура демантира дека се изнесуваат материјали од институцијата.

„Не станува збор за никакво изнесување на материјали од Министерството за култура, туку станува збор за постапка на преселба на Управата за заштитата на културното наследство во нови работни простории. Напоменуваме дека Управата за заштитата на културното наследство досега беше сместена во зградата на Министерството за култура“, соопшти Министерството за култура.