Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСо топлината од РЕК ќе се грее цела Битола

Со топлината од РЕК ќе се грее цела Битола

Владата на Република Македонија со потпишување на меѓувладиниот договор со Германија и финансискиот договор со KFW обезбеди 39 милиони евра, од вкупно 46,5 милиони евра кои што се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и Могила. Останатите средства ќе бидат обезбедени од ЕЛЕМ. Идејата е да се воспостави централен топлински систем со искористување на отпадната топлина од РЕК Битола со што ќе се примени почиста енергија во насока на намалување на загадувањето, а ќе се обезбедат многу домаќинства, компании и државни објекти.

toplifikacija-bitola-dogovor2

-Најголемата придобивка е елиминирањето на повеќе извори на загадување на животната средина. Значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во јавните објекти и во домаќинствата. Со тоа ќе се намали и загадувањето на општината, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески.

Средствата се добиени со фиксна стапка која денеска се фиксира на само 1,5%. Тоа е најниска каматна стапка која што било кога била одобрена за инфраструктурен проект во Македонија и претстува заштеда од над 3 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години со 4 години грејс период.

-Голема чест е за мене што денеска сум дел од оваа церемонија за потпишување на договор за првиот систем за централно греење во вториот по големина град во Македонија, Битола. Овој проект е маркер на нашата плодна соработка со македонската Влада, а поради многу добрата соработка со нашите партнери од ЕЛЕМ и со голема поддршка од Министерството за финансии денеска го потпишавме меѓувладиниот договор како и договор за финансии кој достигнува 39 милини евра за реализација на овој многу важен проект за Битола, појасни заменик амбасадорот на Германија Ханс Халге Сендер.

Договорот е резултат на успешната соработка меѓу Владата на Република Македонија и германската банка во изминатите години со финансирање на повеќе значајни проекти.

Извор: kurir.mk