Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРСо спектаклот ,,Кармина Бурана" Охрид ги отвара вратите за светска уметност-започнува 55 Охридско лето

Со спектаклот ,,Кармина Бурана" Охрид ги отвара вратите за светска уметност-започнува 55 Охридско лето

Ќе завладее софистицирана уметност во Охрид. 30 музички настани ќе донесат врвни музичари од целиот свет. Љубителите на театарот ќе имаат можност да проследат 14 театарски претстави од кои 4 се премиери, а сите љубители на уметноста ќе имаат можност да посетат 7 изложби.  Започнува 55  јубилејно издание на ,,Охридско лето”.  Вечерва фестивалот ќе доживее достоен почеток .  На сцената на Античкиот театар ќе биде изведен мултимедиалниот спектакл ,,Кармина Бурана” од страна на Шпанскиот ансамбл „Ла фура делс Баус“, а  диригентската палка ќе ја имаХозеп Висент. На сцената шпанскиот ансамбл ќе биде придружуван од оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

2 CELLOSS

Хрватското дуо 2CELLOS,  еден од најпознатите пијанисти  Иво Погорелиќ, рускиот вилионист виолинисти Максим Венгеров и   светски познатата виолинистка Мидори  се само дел од еминентните, веќе заблескани имиња на светското музичко небо кои ќе го направат овој јубилеј на Охридско лето за паметење.

Театарските шретстави ќе се играат под отворено небо, маестрални театарски игри ќе го допрат Охрид со актерски емоции

Ако ја земеме во предвид праксата од изминативе години, ќе се случи уште едно Охридско лето со содржини за паметење

Фестивалот ќе трае до 20 јули