HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО со сигурни сведоци ќе докаже криминални избори на власта

СЈО со сигурни сведоци ќе докаже криминални избори на власта

Специјалното јавно обвинителство ќе го искористи сведочењето на повеќе заштитени сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори. Имињата на сведоците ги знаат само неколку обвинители за да се заштити нивната приватност, што значи дека се спремни да излезат пред суд и да ги откријат начините на кои се фалсификувале изборитр.

– СЈО има сведоци кои потврдуваат дека се местеле избори. Тие ќе го урнат митот за чиста победа на владејачката гарнитура – брифира извор близок до СЈО за „Мета“.

На 12 февруари годинава, СЈО ги осомничи поранешните министри за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата и други непознати лица, како сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Ова е првиот случај за кој Специјалното обвинителство (СЈО) на Катица Јанева поведе истражна постапка, а се води под името „Титаник“. Поднесени се обвиненија и против пет судии од Управниот суд, како и против четири члена на ДИК од 2013 година.

Извор: meta.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com