HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО со нова истрага – утре отвора „Трезор“

СЈО со нова истрага – утре отвора „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага со назив „Трезор“. Деталите за случјаот од ќе ги презентираат утре на прес-конференција во новите канцеларии на СЈО. Ова ќе биде шеста истрага која ја води СЈО, а која произлегува од незаконски прислушуваните разговори.

Инаку, на годишнината од формирањето на СЈО, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева покрена две обвиненија.
Првото обвинение e за уништување на докази за прислушувањето каде првоосомничен е шефот на УБК, а второто обвинение се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината, каде првоосомничен е поранешниот премиер, Никола Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com