HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО се „загреа“ за ЕЛЕМ и РЕК Битола – Чингоски тврди се било легално

СЈО се „загреа“ за ЕЛЕМ и РЕК Битола – Чингоски тврди се било легално

Специјалното јавно обвинителство води предистражни постапки за нелегално работење на државните компании РЕК Битола и ЕЛЕМ со тоа што се разгледува документацијата за склучените тендери и набавки.

Поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, во изјава за ТВ 24 Вести тврди дека сите тендери кои се склучени под негово раководство што е и предмет на интерес на СЈО биле законски и легални.

Од тоа време датираат и дел од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, а во кои според нив се слуша гласот на Чинговски кого СДСМ го обвинија за незаконско работење. Во изјава за 24 вести Чинговски ги негира обвинувањата. Опозицијата во дел од бомбите тврдеше дека двајца познати бизнисмени ги земале најголемите тендери за ископ. Според истражувањето што го обајави Фокус, Силјан Мицевски и Сеад Кочан за 4 години добиле тендери во висина над 160 милиони евра.

Силјан Мицевски за 24 вести изјави СЈО да си ја работи работата, додека Сеад Кочан не одговорил на нивните повици. ЕЛЕМ најголем дел од парите ги троши за РЕК Битола како клучен енергетски капацитет. Токму од термоцентралата се произведува две третини од домашното производство.

Извор: 24vesti.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com