Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСо ребалансот на буџетот ќе се финансираат нови проекти

Со ребалансот на буџетот ќе се финансираат нови проекти

Ребалансот на буџетот веќе е доставен до Комисијата за финансии и буџет на Собранието на Република Македонија и првиот финансиер Зоран Ставревски образложи дека нема да се кратат средства за ниту еден буџетски корисник, ниту пак ќе се сопрат веќе започнати проекти, напротив ќе има пари за нови мерки за граѓаните.

stavrevski

Според досегашната динамика во првата половина од годината имало подобра ефикасност на собирање на буџетските приходи и затоа се отвора простор за ребаланс. Буџетот ќе иснесува околу 3 милијарди евра, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3.6 проценти од БДП. Почетната прогноза за раст на економијата е намалена за половина процент и ќе изнесува 3.5 посто.

sobranie

Во првиот претрес на ребалансот на буџетот пратениците од власта начелно ги предложија измените, а единствено забелешка има ДПА со приговор дека средствата не се балансирани по етничка основа.