Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСо прислушкување, во Албанија фатени на дело 593 криминалци

Со прислушкување, во Албанија фатени на дело 593 криминалци

Со прислушкување, минатата година во Албанија, на дело се фатени 593 криминалци за шверц на дрога, оружје, корупција и друг криминал.

Во Албанија минатата година биле прислушувани повеќе од 4.000 лица. Информацијата ја пренесуваат албанските медиуми кои додаваат дека по барање на Јавното обвинителство судските органи донеле одлука за прислушување на 1.445 албански државјани, но надлежните полициски институции преслушале 4.099 лица.

Весникот „Дита“, во врска со изнесените информации се повикува на Извештај на Јавното обвинителство, но и на блиски избори на надлежните институции.