Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСо половина плата машиновозачите не се враќаат на работа

Со половина плата машиновозачите не се враќаат на работа

Штрајкот на машиновозачите ќе продолжи доколку не им биде наеднаш исплатена платата и придонесите за јули, велат од Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија, а исто така бараат до 25 овој месец да им бидат исплатени и средствата за август во спротивно нема да се вратат на работа. Сега се активни само итните возови за мигрантите со пет линии дневно, а доколку се нормализира состојбата ќе се активираат уште пет.

Од Македонски железници велат дека работат на решавање на проблемот, но штрајкот не го признаваат сметајќи дека е нелегитимен и не е спроведен согласно законските одредби. Никола Костовски директорот на МЖ истакна дека се преговара со синдикатот за нормализирање на превозот.