Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСо парада во Скопје се презентираа новите униформи на Градскиот дувачки оркестар

Со парада во Скопје се презентираа новите униформи на Градскиот дувачки оркестар

Вчера во центарот на Скопје, Градскиот дувачки оркестар одржа парада и концерт во градскиот трговски центар со што воедно беа промовирани новите зимски униформи на оркестарот, креација на модната куќа „Елена Лука“.

Оркестарот е составен од 28 члена, кои се професионални музичари или студенти на Факулетот за музичка уметност.Настапува на сите манифестации во Скопје за одбележување  значајни датуми на градот, како и државни празници на разни  локации, плоштади, трговски центри, паркови.


„За набавка на овие  униформи Градот потроши 400.000 денари, а планираме во иднина да распишеме тендер и за летни униформи. Сите метрополи и поголеми градови во Европа и светот имаат свои оркестри и ние сме горди што и градот Скопје има свој оркестар кој со разновидната  програма, карактеристичното чекорење низ улиците и низ плоштадите на градот, естетскиот изглед за кој придонесуваат новите униформи за миг ги оттргнуваат присутните од секојдневието“, рече градоначалникот Трајановски.


Градскиот дувачки оркестар функционира во рамки на Младинскиот културен центар, а Град Скопје секоја година за него од Буџетот издвојува по 1,5 милиони денари.