HomeДЕНЕШНАРепубликаСЈО отвара истрага за бесплатните сендвичи на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО отвара истрага за бесплатните сендвичи на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство во рамки на истрагата за нередите пред општина Центар, ги истражува и сендвичите кои им се делеа на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ за време на насилните протести пред општина Центар во 2013 година. Сомневањата се дека комбето кое пристигна пред општината „наоружано“ со сендвичи е сопственост на државна институција, а го возел возачот исто така вработен во таа институција. Сендвичите наводно биле платени од буџетска сметка од една позната скопска пекара.

На снимките на НОВАТВ од протестите на 10 јуни 2013 година може да се види делење сендвичи за собраните таканаречени верници кои тогаш протестираа за да не се рушела црква (истата никогаш не била на никаква агенда за рушење) и ја демолираа општината. Сендвичите станаа предмет на контроверзи, но и шеги и потсмев на социјалните мрежи. Немаше собир или митинг на партијата, но и на други собири под знакот на ГДОМ, каде што не се делеа бесплатни сендвичи.

Извор: novatv.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com