HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО обвинето дека прави холивудски филм од истрагата во УБК

СЈО обвинето дека прави холивудски филм од истрагата во УБК

Голема медиумска битка се води околу истражните дејствија кои СЈО денес ги поведе во УБК. Прес24 пренесува дека сите барања на обвинителката Катица Јанева биле исполнети и дека УБК соработува, но дел од правните процедури воопшто не биле почитувани.

Наводно Јанева сакала без комплетирана документација да влезе во УБК и да ги добие материјалите од судските наредби за следење на комуникациите. Јанева во договор со Спасовски се обидела да ги заобиколи прописите и формирале некаква незаконска комисија која требало да влезе во системот на УБК.

Последната информација која беше соопштена е дека УБК побарале дозвола од производителот Ериксон за пристап во опремата за прислушкување по што СЈО добило целосен пристап, а на овој начин се гарантирало дека стручно ќе се влезе во системот за да не дојде до последици.

СЈО исто така соопштуваше дека денес се соочува со голема блокада во УБК, дека започнатата соработка била прекината, а во работата се мешале началникот Митко Чавков и заменик министерот Андонов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com