Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо нож дупната гумата на автомобилот на Фросина Ременски

Со нож дупната гумата на автомобилот на Фросина Ременски

Додека потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, завчера учествуваше на дискусијата пред Владата, некој со нож и ја дупнал гумата на автомобилот, кој бил паркиран на паркинг, во непосредна близина. Ременски случајот го пријавила во полиција, а се сомнева дека нејзиниот автомобил не бил случајно избран.

-Автомобилот беше паркиран во периодот од 18.30 до 22 часот. Откако забележав дека гумата е дупната и тоа со нож, случајот го пријавив во Прва полициска станица, од каде што очекувам брза разрешница. Настанот се случил на многу видно место, па затоа е речиси невозможно некој да не забележал. Премногу случајности за кратко време, вели Ременска.

Извор: Фокус