Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСо нови специјалности велешани нема да се испраќаат во Скопје

Со нови специјалности велешани нема да се испраќаат во Скопје

Велешката болница ќе добие нова медицинска опрема вредна 6.2 милиони денари со што ќе се подобри капацитетот за повеќе третмани за кои пациентите најмногу се препраќаат на прегледи во скопските клиники. Министерството за здравство најави повеќе мерки кои се преземаат за зајакнување на специјалностите во Општата болница во Велес.

nikola-todorov1

За илустрација, во изминатите шест месеци од почетокот на годинава, од Општата болница Велес во сите специјалности се креирани 4.250 упати кон универзитетските клиники во Скопје и ГОБ „8 Септември“. Конкретно, во специјалноста гастроентерохепатологија се креирани 192 упати кон скопските клиники и ГОБ, додека во специјалноста урологија се креирани 130 упати кон тие јавни здравствени установи, изјави Никола Тодоров, министерот за здравство.

Покрај набавката на медицинска опрема ќе се потикнат повеќе специјалности и докторите ќе добијат соодветна обука во различни медицински центри надвор од Македонија.