Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонСо новата футрола на iPhone може да ве убијат

Со новата футрола на iPhone може да ве убијат

Новата футрола на iPhone изгледа како оригинален пиштол и затоа е малку ризична за да ја
носите. Американската полиција ја критикува футролата затоа што е неодговорен и неразумен
производ, опасен за околината.

Футролата чини 10 – 50 долари, и е достапна во бела, розева и црна боја. Најголемиот проблем е што органите за ред и мир може да не ја препознаат и да помислат дека е вистинско оружје, со што ќе дојде до ситуација со смртен случај.
futrola„Парите што ги заработуваат производителите на оваа футрола се крвави од простите лица што
ја носат и се шетаат наоколу“, изјавил Патрик Линч, претседателот на здружението “NYPD
Benevolent”.
futrola1Полицијата соопштила дека полициската работа е доволно тешка сама по себе и граѓаните не
мора да им ја комплицираат дополнително професијата со нешто што изгледа како пиштол. Често се случува полицајците во темнина да не проценат убаво што вади лицето од џеб кога сопираат автомобили, па така целата приказна може да заврши трагично. За да биде иронијата поголема, полицајците велат дека ова е многу опасен и глупав производ за паметни телефони.

извор:Телефони.мк