Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСо нов правилник вода од трета категорија е добра за капење

Со нов правилник вода од трета категорија е добра за капење

Институтот за јавно здравје изработи нов правилник за управување со води кој предвидува нова категоризација на води за капење. Претходно имаше 5 категории на квалитет, па така со промените сега трета категорија ќе биде препорачана за капење, но не и за пиење со тоа што треба да се преземат мерки на претпазливост.

„Со новиот правилник, сменети се граничните вредности за количеството на бактериите ентероки, а воведена е и бактеријата ешерихија коли како параметар, со кои се одредува дали одредена вода е безбедна за капење или не. Разликата меѓу досегашните и новите параметри практично значи дека тоа што досега било вода од трета категорија и била забранета за капење, сега е вода со одлична состојба”, вели д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје за Вест.

Новиот правилник е изработен според европските директиви и на него работела поголема група на експерти и е објавен во Службен весник по што ќе стапи на сила. Со него сега се предвидуваат 4 категории на квалитет на вода за капење, а површинските води за пиење ќе се регулираат со одвоен правилник.