HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО мора да бара дозвола од доказите за „Тврдина“ или судот ќе ги поништи

СЈО мора да бара дозвола од доказите за „Тврдина“ или судот ќе ги поништи

goran grujovski pritvor

Првото рочиште за случајот „Тврдина“ кој го води СЈО иако траеше два часа не дојде до главната расправа поради употребата на доказите обезбедени во истражната постапка.

Одбраната на седумнината осомничени, меѓу кои првоосомничен е поранешниот началник на 5-та управа Горан Грујоски, како и вработени во УБК, побара од судот да не ги прифати доказите на СЈО бидејќи тие се со класифицицирана содржина, а за тоа не добиле одобрение замислете од никој друг туку токму од УБК.

  • СЈО постапило незаконски бидејќи без согласност на создавачот до судот достави класифицирани податоци и ги опиша во обвинителниот акт. Бараме судот овие докази кои се прибавени без согласност на создавачот да ги одбие, истакна адвокатот Додевски.

Исти став имаше и судијката Лидија Петрова, која им наложи на обвинителите од СЈО, Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов, да обезбедат акт за употреба на доказите од Управата за безбедност и контраразузнавање.

На ова жестоко се спротивставија обвинителите од СЈО, кои истакнаа дека не е прв пат во судската пракса да се користат дозкази кои се класифицирани, бидејќи се државна тајна или строго доверливо.

  • Начинот на кој се прибавени овие докази од УБК е законит и нивната употреба во судска постапка е дозволена со Законот за кривична постапка. Ваква дозвола би требало да побара некој од обвинетите доколку сакаат во својата одбрана да презентираат ваков доказ, но не и обвинителството, беше децидна обвинителката Ристовска.

Нејзиниот став пак упорно го оспоруваше адвокатот Додевски, инсистирајќи дека мора да обезбедат претходна дозвола од УБК, а во таа насока беа и укажувањата на судијката Петрова, која го задолжи обвинителството да ја обезбеди дозволата, а во спротивно најави дека ќе ги отфрли доказите. Својата одлука судијката ја правдаше дека кога ќе требало да ја напише пресудата, без разлика дали ќе биде осудителна или ослободителна, не ќе можела да ги наведе доказите ако останале клсифицирани, истакнувајќи дека „малку истражувала“ и видела дека тоа не е судкса пракса.

Напротив, обвинителката Ристовска возврати дека тоа е судска пракса, посочувајќи дека вакви докази се наведени во случајот „Пуч“ и во уште многу други.

Од СЈО се сомневаат дека барањето да обезбедат дозвола од УБК е само еден начин да се одложи судењето, бидејќи УБК нема рок да одговори на нивното барање, посочувајќи дека веќе со месеци чекаат одговор на слични барања.

На рочиштето денеска не присуствуваше една од обвинетите, но бидејќи не се одржа главната расправа, немаше образложение зошто не дошла. Во судница беа пет нејзини колешки, кои беа децидни дека нема да дозволат медиумите да ги фотографираат и снимаат, и колегата Горан Грујоски.

СЈО Грујоски го сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, исто така биле уништени во текот на минатата година.

Извор: fokus.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com