HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО: Мејлот беше хакнат но, без поголема штета

СЈО: Мејлот беше хакнат но, без поголема штета

На видео мрежата YouTube протече снимка од хакер кој стои зад пробивање на мејлот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на сервисот gmail. Од СЈО излегоа со официјален став дека мејлот навистина им бил „хакнат“ но, без поголема штета.

„Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот“ велат од СЈО.

Од СЈО потенцираат и дека ваквиот хакерски напад и објавата на социјалните медиуми е сосема јасна закана за нивното работење.

„Со оглед дека со објавата на youtube каналот јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот“, соопштија од СЈО.

Поради приватноста на комуникацијата и тоа што нема податоци кои се од јавен интерес pozitiv.mk реши да не го објавува видеото со хакнатиот мејл на СЈО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com