Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСо машината за шиење до самиот крај: Почина урбаната скопска кројачка легенда

Со машината за шиење до самиот крај: Почина урбаната скопска кројачка легенда

Благоја Ангелковски, познатата скопска кројачка легенда, вчеравечер почина на својата 81-годишна возраст. Добропознатото скопско место „Ангелковски“ остана главна ориентирачка атракција од самиот почеток на 1964 година.

Урбаната легенда ја наследил машината за шиење од татко му. а со кројачкиот занает почнал да се занимава уште од 1950 година. Дуќанот во близина на Универзална сала и понатаму ќе биде репер за сите идни генерации.