Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо која музика се релаксира претседателот на САД додека е на одмор?

Со која музика се релаксира претседателот на САД додека е на одмор?

Актуелниот американски претседател Барак Обама за страницата Spotify ги откри своите листи на песни во кои ужива додека се одмора со своето семејство, надвор од вообичаените обврски.

Неговата плејлиста именувана како „Vol. 1 Summer day“ започнува со легендарниот Боб Марли и неговата  „So Much Trouble in the World“, чии зборови би требало да го инспирираат американскиот претседател за крајот од мандатот. “Vol. 2 Summer night”, пак, е зачинета со „Superpower“ на Бијонсе којашто заедно со сопругот Џеј Зи учествување во кампањата за неговиот повторен избор во 2012 година.

Неговиот вкус е најразновиден, во плејлистите можат да се најдат песни и од Стиви Вондер, Џастин Тимберлејк, групите Florence and the Machine и Isley Brothers, Арета Френклин, Боб Дилан, Нина Симон, Мајлс Дејвис, Били Холидеј, Џон Колтрејн и Френк Синатра.