HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе се фати за работа со две нови истраги

СЈО ќе се фати за работа со две нови истраги

СЈО кратко соопшти дека на прес конференција во четврток ќе објави две нови истраги кои се завршени и резултатите од нив ќе ги презентира пред јавноста. Засега нема индиции кој дел од прислушкуваните разговори ќе бидат опфатени, односно кои кривични дела кои произлегуваат од нив ќе бидат таргетирани, но јавноста секако очекува поконкретни предмети за функционери.

Специјалното јавно обвинителство досега има поднесено две обвиненија, едното обвинение за насилните протести пред општина Центар, каде првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанкиески кои се товарат за поттикнување на насилство.

Другото обвинение е покренато за уништување на документи за работата на Системите за следење на комуникациите, а првообвинет за ова е шефот на петтата управа, Горан Грујевски.

Отворени се голем број истражни и предистражни дејствија за многу случаи, но досега никој од функционерите не заврши во притвор, освен битолскиот градоначалник, Владимир Талески кој беше во куќен притвор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com