HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСо изненаден настап на Џеј-Зи заврши светската турнеја на Бијонсе!

Со изненаден настап на Џеј-Зи заврши светската турнеја на Бијонсе!

Американската пејачка, популарната Бијонсе Ноулз Картер, ја заврши својата светска турнеја „Formation“ на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Таа ја изненади публиката со познатите гости, меѓу кои се најде и нејзиниот споруг, раперот Џеј-Зи, американската тенисерка Серена Вилијамс и раперот Кендрик Ламар.

Додека ја изведуваше хит нумерата „Sorry“ на бината и се приклучи славната тенисерка Серена Вилијамс. Ѕвездата на тенисот инаку се појавува и во спотот на споменатата нумера која е дел од новиот албум на пејачката „Lemonade“.

Потоа на сцената се појави 35-годишниот Кендрик Ламар, со кој пејачката соработуваше во песната „Freedom“. Сепак, ниту еден од овие настапи не можеше да се спореди со она на што публиката можеше да биде сведок кога на сцената и се приклучи Џеј-Зи, со кој Бијонсе ја отпеја песната „Drunk in love“. Станува за нивен прв настап после една година.

bijonse-f3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com