Friday, Jul 21, 2017
HomeСТУДЕНТУМСо индексот во рака – Зголемен бројот на студенти

Со индексот во рака – Зголемен бројот на студенти

Во Македонија се зголемил бројот на академски граѓани за перидот 2014/15 со пораст од 2.8 проценти или вкупно 59.359 студенти. Најголем дел од нив студираат на државните универзитети со присуство од 87.3 проценти, додека останатите својата мисија за високо образование ја реализираат на приватните факултети. Во прва година се запишале 18.942 студенти, а тука се вброени и тие што се запишуваат по втор или повеќе пати.

Податоците за состојбата со запишани студенти во високот образование ги обезбеди Државниот завод за статистика и истите укажуваат дека младата популација има голем интерес за факултетска диплома и барање на работа за која се бара висококвалификуван кадар.