Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСо групна крштевка на Бабуна триесетина луѓе ја примија верата

Со групна крштевка на Бабуна триесетина луѓе ја примија верата

На водите на реката Бабуна во близина на Велес се одржа уште една групна крштевка спроведена од свештениците на Повардарската епархија. На свечениот чин на примање на христијанската православна вера се одзваа триесетина луѓе од Велес и од Скопје.

„Кршевањето е голем чин за секој граѓанин, кој се воведува во православната христијанска вера и тоа е момент на спојување со Бога. Тоа е воедно и влез во православната христијанска црква“, изјави прота Борис Симоновски. Најмладиот нов верник е едно и полгодишниот Лука Јованов од Велес, а највозрасниот 65-годишниот Бобан Вујичиќ од Скопје, кој се крштеваше заедно со својот син и ќерка.