Со Google гласовно ќе пишувате пораки во Viber
Google промовираше нова опција за гласовно диктирање на инстант пораки на најпопуларните сервиси за допишување како WhatsApp, Viber, WeChat, Telegram и NextPlus. Опцијата се активира со зборовите Ok Google send a Viber message по што го наведувате името на контактот, а пораките мора да бидат на англиски.
Во наредниот период ќе се овозможи гласовно активирање на пораки и на други светски јазици, а во програмата ќе бидат вклучени и поголем број на сервиси за допишување. За користење на опцијата треба да ги имате најновите верзии на мобилните апликации.