Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСо голи фотографии се обиделе да изнудат 8000 евра од директорот на кумановската гимназија

Со голи фотографии се обиделе да изнудат 8000 евра од директорот на кумановската гимназија

Осум илјади евра или ќе објавиме голи фотографии од тебе – директорот на кумановската гимназија добил ваква уцена, а откако одбил да ја уплати бараната сума, на социјалните мрежи се појавија фотографии со експлицитна содржина. Првично фотографиите биле објавени на „Фејсбук“, а потоа и на „Твитер“. Димитријевиќ, тврди дека фотографиите не се негови и вели дека со ова се нарушува неговиот углед.

„Тоа не се мои фотографии, тоа е мојот лик, а до него поставиле фотографии со непримерна содржина, значи украден е мојот профил и нарушен мојот углед и угледот на моето семејство“ – изјави Горан Димитријевиќ, директорот на СОУ „Гоце Делчев“
Тој додава дека сакал да си поднесе оставка од морални причини, а случајот го пријавил и во полиција.
„Тука имам поддршка од моите, но кога на портал ќе излезе ваква работа и кога некој ќе прочита од друг град, мојот авторитет како спортист е нарушен“ – вели Димитријевиќ.
За сега кумановската полиција не го потврдува случајот, а велат дека не знаат ниту како треба да тече постапката во вакви случаи со обвинувања за интернет криминал.
Првиот човек на Куманово, во телефонски за телевизија 24 изјавил дека очекува полицијата што поскоро да го расветли случајот.
„Ние разговаравме и со директорот и заклучивме да излезе во јавноста и да повика на што побргу разрешување на случајот од страна на МВР и да се открие лицето кое направило упад во неговиот профил на социјалната мрежа и случајот да се заврши. Јас од него немам побарано оставка и ние ќе чекаме случајот да го расветли полицијата.“ – вели Дамјановски.
Фотографиите се уште не се избришани од твитер, а директорот вели дека не знае кој би постапил на начин кој го нарушува неговиот углед како раковпдител на една од подобро рангираните гимназии во земјава.