HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО го побара предметот „Сопот“

СЈО го побара предметот „Сопот“

index

Специјалното јавно обвинителство на почетокот на месецов, односно, на 4 ноември го побарало предметот „Сопот“ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, соопштуваат од СЈО.

Судскиот процес за случајот „Сопот“, кој беше вратен на повторно судење е се уште во тек и постојано се одложува. Обвинетите во случајот се бранат од слобода и никој не е во притвор. „Сопот“ е судски предмет во кој селани од кумановското село Сопот одговараат за тероризам, односно поставување мина на пат на која нагази НАТО џип со полски војници и наши државјани.

Со првата пресуда за експлозијата од мина што се случи кај Сопот во 2003 година при што загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото. Шест лица, беа осудени во отсуство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com