HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСо еден удар, две муви: Јувентус доведува универзалец?

Со еден удар, две муви: Јувентус доведува универзалец?

1236045_640

Италијанските медиуми утрово шпекулираа дека Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе младиот фудбалер од Франција, Корентино Толисо. Толисо е фудбалер на Лион, успешно може да игра и како десен бек и како везен фудбалер, па токму поради тоа голем интерес покажува Јувентус кој со него би можелда реши две важни прашања за следната сезона. Има само 22 години, оваа сезона веќе одигра 17 натпревари во Лига 1 и постигна 5 погодоци.

Проблем во целата приказна претставува неговиот договор, бидејќи Толисо е обврзан за Лион се до јуни 2020 година,па единствено богата понуда би можела да го оддалечи од Франција. За потсетување, Наполи беше исто така заинтересиран да го види овој фудбалер во своите редови за време на летниот трансфер период, но Лион ги одби сите понуди тогаш.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com