HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО денеска се враќа во УБК да го одземе останатиот дел од документите за масовното прислушување

СЈО денеска се враќа во УБК да го одземе останатиот дел од документите за масовното прислушување

sjo

СЈО денеска повторно се враќа во Управата за безбедност и контраразузнавање за да продолжи со својата работа. Вчеравечер еден од истражителите на СЈО кој остана да дежура покрај опремата за прислушување во УБК, беше избркан по што јавната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим се вратија во УБК да увидат што се случува.

Претходно синоќа, додека Јанева беше на интервју во телевизијата Телма, еден истражител ѝ беше приведен и задржан во полициската станица „Беко”, бидејќи, како што кажа и министерот, фотографирал објект на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Синоќа во Управата немаше никој од тимот на СЈО, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на доцна прес конференција даде гаранции дека обезбедувањето на МВР ќе ја чува опремата за прислушкување. Тој изјави дека со полициска асистенција ќе му пружи поддршка на СЈО и дека нема да дозволи никакви изнесувања на опремата или што било од кругот на МВР.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com