Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо 24 милиони евра ЕУ ќе ја ублажи мигрантската криза во Македонија

Со 24 милиони евра ЕУ ќе ја ублажи мигрантската криза во Македонија

Европската Унија ќе издвои 24 милиони евра за помош на Македонија во справување со напливот на мигранти кои ја преминуваат границата во огромни бројки обидувајќи се да стигнат до западноевропските земји. Одлуката ја соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој потенцираше дека Балканот не смее да стане паркинг место за мигрантите.

JOHANES HAN PROBA

Проблемите во изминатите два месеца најмногу се покажаа во делот на прием на мигрантите додека чекаат да им се проверат документите и нивната регистрација. За да се избегне хуманитарна криза потребни се и привремени сместувачки капацитети кои ќе обезбедат пристојни услови за прием на мигрантите додека трае процесот на одобрување на азил или пак дозвола за транзит.