Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо 10 милиони европски пари Македонија ќе се справува со бегалците

Со 10 милиони европски пари Македонија ќе се справува со бегалците

Европската комисија донесе одлука да и помогне на Македонија финансиски со 10 милиони евра за справување со бегалската криза и подобрување на граничната контрола. Исто така ќе се мониторира и границата со Грција која е дел од ЕУ.

shinasЕвропската комисија ќе усвои програма во вредност од 10 милиони евра за да и помогне на Македонија. Целта е да и се помогне на земјата, да го подобри граничното управување во контекст на бегалската криза. Вакво барање беше испратено од Македонија. Со техничката помош од Фронтекс и со овие средства сакаме да и помогнеме на државата да го подобри систематскиот мониторинг на границата, како и во идентификувањето и регистрацијата на лицата од трети земји кои ја минуваат границата, легално и нелегално. Сакаме да го спречиме и криумчарењето мигранти – порача портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.

Колку овие пари се доволни е сосема друго прашање бидејќи македонската држава секојдневно се соочува со огромен прилив на бегалци за кои е потребен ангажман на безбедносните сили, човечки ресурси за регистрација, хуманитарна помош и транспорт.

Извор: mrt.com.mk