Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонСноуден ќе ги заштити корисниците на iPhone од шпионирање

Сноуден ќе ги заштити корисниците на iPhone од шпионирање

Едвард Сноуден продолжува со мисијата за привлекување на вниманието на јавноста за опасностите од неограничениот владин пристап до новите технологии и директниот пробив на приватноста на граѓаните и нивната комуникација. Затоа дизајнира маска за iPhone која веднаш ќе детектира ако смартфонот е прислушкуван или „пробиен“.

Детекторот функционира на тој начин што ги регистрира сите сигнали кои ги емитува смартфонот или пак ги прима, а може да се тестира кога ќе го вклучите авионскиот режим што значи и гасење на сите конекции.

Сноуден вели дека маската би ја наменил за новинарите кои известуваат за важни теми и мора да имаат слободна мисла без страв дека некоја тајна служба или хакерска група може да го спречи ширењето на вистината. Маската детектор засега нема најави дека би доживеала комерцијална верзија што секако би им пречело и на многу владини служби.

Извор: telefoni.mk