HomeДЕНЕШНАСветСноуден ги изгуби шансите за помилување кај Обама – Со Трамп му се заканува егзекуција

Сноуден ги изгуби шансите за помилување кај Обама – Со Трамп му се заканува егзекуција

edvard snowden

Американскиот претседател во заминување Барак Обама изјави дека не може да донесе одлука за помилување на Едвард Сноуден пред тој да се појави на суд.

– Не можам да помилувам некого кој претходно не се појавил на суд и не го изнел својот случај, истакна Обама за германското списание „Шпигел“.

Поради тоа, мали се шансите Сноуден да биде помилуван пред истекот на мандатот на Обама, затоа неговата судбина ќе биде оставена во рацете на администрацијата на Доналд Трамп и директорот на ЦИА, кој побара негова егзекуција.

Според Обама, дури откако Сноуден или неговите адвокати се согласат да го изнесат случајот пред судските институции, тогаш ќе може да се зборува за помилување. Тој се согласува дека Сноуден го свртел вниманието кон некои проблеми, но сепак смета дека објавувањето тајни податоци не е во согласност со процедурите и праксата на разузнавачките служби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com