HomeДЕНЕШНАРегионСнимки од крвавиот напад во Анкара – Ердоган најави одговор на нападот

Снимки од крвавиот напад во Анкара – Ердоган најави одговор на нападот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад со автомобил бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара, во кој загинаа најмалку 28 лица и над 60 беа ранети, пренесоа француските медиуми. 26 од убиените се војници.

„Треба да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод да го употреби своето право на законска одбрана“, се наведува во соопштението објавено од прес службата на претседателот. Давутоглу изјави дека ќе продолжи турското гранатирање на Силите за заштита на народот во северна Сирија.

Тој, исто така, информира дека во текот на изминатата ноќ турски воени авиони бомбардирале цели на ПКК во северен Ирак. Како што наведе, во оваа операција биле убиени 60-70 курдски борци, меѓу кои има и членови на раководството на групата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com