Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСнимката на која дадилка малтретира бебе ќе биде доказ на судењето

Снимката на која дадилка малтретира бебе ќе биде доказ на судењето

Снимката на која се гледа како дадилката го тепа детето, ќе биде земена како доказ во судскиот процес. Судијата го одби барањето на адвокатот на дадилката монструм, кој бараше видеоснимката да биде издвоена од доказите, бидејќи била обезбедена на незаконски начин.

Од судот велат дека судијата на претходна постапка имал предвид дека станува збор за кривично дело каде жртва е малолетно дете на возраст од само 10 месеци, кое не може да биде сведок и не може да даде исказ во својство на оштетен каде ќе го објасни настанот, дејствијата и интензивното малтретирање, а кои дејствија може да се утврдат единствено од самата снимка која што е доставена како доказ од јавниот обвинител.

Снимката на која се гледа како дадилката физички го малтретира десетмесечното бебе, ја шокираше јавноста и предизвика бура од реакции кои бараа таа да се казни.
Доколку, судот ја осуди за виновна, неа и се заканува казна затвор и до 10 години.