Sunday, Jul 15, 2018
HomeРЕФЛЕКТОРФилмСнимен „Црно-бело“ – првиот македонски мјузикл на Сандра Ѓоргиева

Снимен „Црно-бело“ – првиот македонски мјузикл на Сандра Ѓоргиева

makedonski mjuzikl (2)

Заврши снимањето на краткиот игран филм „Црно-бело“, првиот македонски мјузикл. Филмот е дипломски филм на Сандра Ѓоргиева, студент на Катедрата за Филмска и ТВ монтажа, во класата на проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски.

makedonski mjuzikl (3)

Филмот е работен со поддршка на Агенцијата за филм, а е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а како копродуцент се јавува Мунлајт. Извршни продуценти се Ирина Лазарова, студент на катедрата за Продукција и Ѓоргиева Сандра.

sandra gorgieva

„Во подготовките откако го напишав сценариото па се до почеток на снимањето, беше напорно искрено, но имав голема подршка од професорите и колегите. Научив многу нови работи за филмската индустрија, за односите со луѓе и пред се, нови работи за мене како човек. Ова беше втора школа само по себе за сите нас кои учествувавме, и едно огромно искуство. Пред се, задоволна сум од енергијата на снимањето, имавме добра атмосфера за работа. Благодарна сум на сите луѓе кои ми помогнаа да го истераме проектов до тука. Сега останува да го средам целиот материјал во монтажа, што мене тоа, нели, ми е примарна професија и да се надевам дека филмот ќе допре до поголем број на публика и ќе ја пренесе својата порака“, изјави за Позитив Сандра Ѓоргиева.

Сценариото и режијата се на Сандра Ѓоргиева , директор на фотографија е Дарко Елек, композитор Филип Стевановски (ФИС Студио), текстописец Тамара Котевска, кореографијата е на Ирена Лозинска, а актерската екипа ја сочинуваат: Јелена Јованова, Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симоновиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан Петровски , Ангела Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев, Александар Јовановски и Ада Дума. Во филмот се појавуваат и децата од драмското студио на 5+.

makedonski mjuzikl (1)

Филмот се снимаше седум дена, во просториите на ФОН и на други  локации низ Скопје. Асистенти на режија се Андреј Георгиев, Лидија Мојсовска, Сашко Мицевски, Коста Маркоски. Асистенти на камера Видоје Вујатовиќ, Иван Ангелов и Андреј Неделковски. Сценографијата е на Анастасија Величковска, Ненад Тонкин и Мартин Манев, костимографијата на Жаклина Крстевска и шминката на Игор Петревски.