HomeДЕНЕШНАРегионСнегот пристигна на Балканот: Босна и Србија побелеа, покривка и до 20 сантиметри

Снегот пристигна на Балканот: Босна и Србија побелеа, покривка и до 20 сантиметри

Во соседна Србија паднаа 10 сантиметри снег, објавуваат тамошните медиуми. Дождот кој врнел цела вечер утрината се претворил во снег кој за неколку часа на највисоката кота кај Златибор создал бела покривка дебела десетина сантиметри. Моментната температура е околу еден степен.
srbija-sneg
Падна првиот снег во југозападна Босна, при што во овој дел има 20 цм снег. Во овие места над 1200 метри надморска височина, луѓето се навикнати да падне снег порано, но овојпат тој ги изненади во средината на октомври. Жител на Купрес се упатил кон Сплит, но останал заглавен на патот. Во Бабановац висината на снегот е 5 сантиметри, а температурата под нула.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com