Saturday, Apr 29, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеСнегот предизвика верижен судир на Партизанска

Снегот предизвика верижен судир на Партизанска

Повеќе од три автомобили учествувале во судирот кој се случил вчера вечер  на ул. Партизански одреди во Скопје. Според неофицијалните информации , нема потешко повредени, настаната е само материјална штета.

Според информации на очевидци, улиците  се лизгави,не се исчистени,  има неколку сантиметри снег, па малото невнимание и неприлагодената брзина може да предизвика уште една ваква глетка.

Ова е втор верижен судир во текот на вчерашниот ден откако и кај Народната Банка се судрија неколку автобуси.За среќа и таму нема повредени патници.