Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСнег провеја во Маврово во еден од најстудените априли досега

Снег провеја во Маврово во еден од најстудените априли досега

Народот си има изрека „луда Марта“ за непредвидливото време во текот на месецот март кога еден ден може да биде сончево и топло за следниот да наврне, снег но, се чини дека од сега тоа ќе почне да важи за април.

Утрово туристите во Маврово се разбудија со нова снежна покривка. Временската прогноза е дека и во среда и во четврток на повисоките места во северозападниот дел од земјава ќе има слаби повремени врнежи од снег.

Извор:mkd.mk