HomeДЕНЕШНАРепубликаСнег на повеќе места, забрана за тешки товарни возила на превоите

Снег на повеќе места, забрана за тешки товарни возила на превоите

straza_sneg

Утрово времето е облачно и студено и речиси насекаде има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места.

Снежна покривка од 10 сантиметри е формирана на Маврово, Крушево и Берово 4, Пожаране 3, Претор, Лазарополе и Крива Паланка 2 и еден сантиметар снежна покривка формирана е во Демир Капија, Штип, Виница, Тополчани и Ѓуриште.

Најниска температура утрово е измерена во Маврово -10 степени, -7 во Крушево, -6 во Лазарополе, -5 во Пожаране и Ѓуриште, -4 воТополчани и Берово, -2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Охрид и Дебар, -1 во Тетово, Битола и Претор, 0 во Штип и Скопје, 1 во Струмица, Демир Капија, Скопје Петровец, 2 во Дојран и 3 во Гевгелија.

Утрово времето е облачно и студено речиси насекаде со  врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места. На повисоките места и планините во западните делови,  врнежите се со умерен интензитет и се формира снежна покривка. Дува умерен ветер од северен правец, особено во Штипскиот регион и северниот дел на Повардарието, и на моменти достигнува брзина од околу 40 км/час.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево и обратно како и на превојот Ѓавато, информира Автомото-сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com