Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСнег на планините низ Македонија, внимавајте на Стража и Плетвар

Снег на планините низ Македонија, внимавајте на Стража и Плетвар

Утрово започнаа првите врнежи на снег во Македонија и повеќе планински предели се побелени што е позабележливо во Маврово и Попова Шапка. Снегот може да биде проблематичен за возачите, па затоа се препорачува внимателност и поседување на задолжителната зимска опрема, особено на планинските превои како Стража и Плетвар иако засега состојбата на патиштата е во најдобар ред, но условите може брзо да се сменат.

pelister_pod_sneg

Коловозите се прилично влажни, а во вечерните часови кога температурите ќе се намалат може да се создаде и голомразица.