HomeДЕНЕШНАСветСнајперист уби холандски новинар во Либија

Снајперист уби холандски новинар во Либија

Медиумскиот свет е шокиран по ликвидацијата на холандскиот фото-новинар Џероен Оерлеманас кој е застрелан со снајпер од припадник на Исламска Држава во градот Сирт за време на операција на чистење на минско поле.

Крајбрежниот либиски град Сирт од 2015 година беше под контрола на Исламска држава, но силите на владата на национално единство во Триполи ослободија значителен дел од градот.

„Еден холандски новинар беше убиен денеска. Снајперист на Исламската држава го застрелал во градите, додека известувал за борбите во Сирт“, изјавил претставникот на Централната болница во градот Мисрата, Акрам Гливан. Додал дека телото на убиениот е пренесено во болницата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com