Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСмртни закани до германските пратеници со турско потекло – ставени под полициска заштита

Смртни закани до германските пратеници со турско потекло – ставени под полициска заштита

Полициска заштита за 11 германски пратеници од турско потекло, бидејќи добиле смртни закани по гласањето во Бундестагот по прашањето за масовното убиство на Ерменците во Турција минатиот век, соопшти неделното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг”, цитирано од ДПА.

Политичарите кои се од различни партии, беа меѓу огромното мнозинство во Бундестагот, кои изгласаа на 2 јуни резолуција која го признава масовното убиство на Ерменците за геноцид. Еден од 11-те е лидерот на партијата на Зелените, Џем Оздемир, Германец со турско потекло кој ја предложи резолуцијата за ерменскиот геноцид. Тој беше и првиот на кого беше засилена полициска заштита овој месец по добиени смртни закани.
Istanbul prepares to celebrate 563rd anniversary of Fall of Constantinople to Ottomans
Портпаролот на полицијата одби да даде детали за заканите. „Заканите против пратеници од турско потекло се неприфатливи”, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, цитиран од весникот. „Ќе бидат преземени соодветни мерки за безбедност.”

Претходно, министерстовто за надворешни работи на Германија излезе со препораки до пратениците од Бундестагот со турско потекло да се воздржат од патувања во Турција.
protest ermenski genocid
Минатата недела во Германија се усвои резолуција во која се утврдуваат убиствата на Ерменците за време на Отоманската импарија како геноцид. Во одговор Анкара го отповика својот амбасадор во Берлин и ја нарече одлуката на парламентот погрешна.

Изјавите од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој им предложи на германските парламентарци со турско потекло „да им биде земена крв за анализа“, за да се определи нивната националност, предизвикаа критики во германското општество.