Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСмрт и ужас на хрватско-унгарската граница

Смрт и ужас на хрватско-унгарската граница

По Унгарија и другите земји во регионот поставија бодликава жица на границата. Многу мигранти се здобија со повреди обидувајќи се да ја преминат оградата, а овој пат се појавија фотографии од загинати срни и елени на границата на Унгарија, Србија и Хрватска.

Фотографиите од несреќните животни на својот Фејсбук профил ги поставил Јанош Хорват со коментар: „Бесмислен и глупав погет предизвика смрт на невини суштества. Ова се новите жртви на оградата кои нема да реши никаков проблем затоа што истиот мора да се реши таму од каде што настанал. Сличен хорор може да видите и во Националниот парк Дунав – Драва“, пренесе Јутарни весник.

Просторот кој сега е ограден со жица е природно живеалиште на разни видови на дивеч кои овде мигрира, понекогаш и по 1000 животни заедно. Инаку, жилет – жицата е особено опасен вид на бодликава жица која наместо со вообичаените боцки, има жилети кои предизвикуваат тешки повреди на секој кој ќе се приближи.

Кога Унгарија се обиде да набави жица, некои претпријатија одбија да и ја продадат со објснување дека е премногу сурова и дека никогаш не се користи за спречување на премин на луѓето, како и дека оградата и онака ништо нема да реши.