Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Службен весник“ објави дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието

„Службен весник“ објави дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието

Од ЈП „Службен весник на РМ“ потврдија дека Во денешниот број на „Службен весник“ е објавена одлуката дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието на Република Македонија, потврдија од ЈП „Службен весник“, Со тоа, Џафери и официјално ја презема функцијата спикер на законодавниот дом.

Од претпријатието велат дека весникот е отпечатен и веќе се дистрибуира, а објавата веќе е оставена на интернет страницата на весникот.

На 27 април Џафери беше избран за претседател на Собранието, по затворањето на продолжението на конститутивната седница. За негово назначување за спикер гласаа пратениците од СДСМ и од албанските партии. ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата за време на изборот и го прогласија Џафери за нелегитимен, по што се случи нападот на Собранието од учесниците на „За заедничка Македонија“.

Новоизбраниот спикер на 4 мај писмено го извести претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано ново парламентарно мнозинство со што се создадени услови да биде доделн мандат за составување Влада.