HomeДЕНЕШНАПолитикаСлучај „Трезор“: Мијалков пристигна на распит во Кривичен суд

Случај „Трезор“: Мијалков пристигна на распит во Кривичен суд

saso-mijalkov-3

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и разузнавање, се појави на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“ кој го води Специјалното јавно обвинителство. Истрагата за предметот „Трезор“, СЈО ја отвори поради сомневање дека 860 илјади евра од буџетот завршиле во приватни џебови преку набавка на опрема за прислушување. Во овој случај, осомничени се три лица од Управата за безбедност и разузнавање и едно лице од Министерството за внатрешни работи.

СЈО побара и мерки за претпазливост, односно за три лица побара одземање на пасошите а за едно лице притвор и за компанијата „Финзи“ која ја набавувала опремата замрзнување на имотот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com