HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСлушаноста на музиката на Боб Дилан забележала скок од 500 отсто после добивањето на Нобеловата награда

Слушаноста на музиката на Боб Дилан забележала скок од 500 отсто после добивањето на Нобеловата награда

За еден ден од кога Нобеловата награда за литература за 2016 година му беше доделена на славниот музичар и поет Боб Дилан, преземањето на неговата музика се искачило на повеќе од 500 отсто преку музичката платформа „Спотифај“. Како што соопшти „Спотифај“, ден после доделувањето на наградата, стримингот на песните на Дилан скоканала за 512 отсто на светско ниво.

Песна која највеќе се слуша после добивањето на наградата е „Like a rolling stone“, чија слушаност пораснала за 512 отсто. 75-Годишниот Дилан важи за најпознатиот музичар-поет на својата генерација и е прв музичар кој ја добил Нобеловата награда за литература. Тој воедно е и првиот Американец добитник на оваа Нобелова награда уште од 1993 година, кога оваа награда и припадна на Тони Морисон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com