Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСлучајот со 20 годишната Стефанија се повеќе се заплеткува

Случајот со 20 годишната Стефанија се повеќе се заплеткува

 

Случајот со 20 годишната девојка од Аеродром која вчера утрото беше пронајдена мртва пред зградата во која живеела, добива нови детали. Имено според сведочењата на мајката на Стефанија, девојката била силувана од страна на таксистот кој ја  донел дома тоа утро, по што решила да си го одземе животот. Од МВР велат дека никој не пријаил силување. Од министерството за внатрешни работи велат дека телото е на обдукција и дека сега за сега немаат никакви детали, па не можат да кажат дали девојката е силувана или не. Според нив единствена пријава која стигнала до нив е за нарушување на јавен ред и мир. Односно таксиститот со кој таа си дошла дома пријавил дека бил нападнат од страна 39 годишниот А.З.  кој неофицијално е близок пријател на мајката на Стефанија.Од МВР информираат дека таксистот бил удиран со клоци по главата и телото од кои имал видливи повреди, по што е констатиран прекршок против јавниот ред и мир.