Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСлучајот Ровер повторно падна на апелација – притворените на слобода

Случајот Ровер повторно падна на апелација – притворените на слобода

Притворените од „Ровер“ се ослободуваат од притвор. Откако „Ровер“ падна на Апелација, во затворите пристигната е наредба да се ослободат притворените во овој предмет бидејќи се поминати две години од одредувањето на мерката притвор. Зоран Трајковски, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ утре наутро ќе бидат ослободени од штипскиот затвор, а денеска судот од домашен притвор го ослободи скопјанецот Гоце Митровски.

Ова нема да важи за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на кого му остануваат уште 11 месеци во затворот во Идризово за првата казна затвор за случајот „Кампања“. Ова е втор пат Апелација да го врати предметот на повторно судење. Укинувањето на пресудата значи дека на обвинетите ќе им се суди по трет пат за убиство и помагање на убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001-та година.